Светските државници со години не сакаат да користат ниту еден телефеон освен „блекбери“ за разговори и испраќање е-пораки, а американскиот претседател Барак Обама сѐ уште го користи.
Фановите на овој уред неодамна се загрижија бидејќи добија вест дека Белата куќа тестира и други модели мобилни телефони, како „Самсунг“ и „Ел-џи“, наведува „Гардијан“.
За светските лидери безбедноста не значи само да се има лозинка за отклучување на телефонот, туку и заштита од обид да се пробие од аматери и професионални хакери, и, што е уште поважно, шпионски агенции кои сакаат да знаат со кого, каде и кога сопственикот на телефонот разговара и разменува пораки и е-пошта.
Прислушувањето на мобилниот телефон на лидерот на една држава претставува нејголем неуспех за нејзината национална безбедносна агенција. Досега „блекбери“ беше телефон за кој безбедносните агенции најмногу се одлучуваа, но двата најголеми производители на паметни телефони „епл“ и „самсунг“, сега се закануваат дека би можеле да го преземат приматот.

За мобилниот телефон на канцеларката Ангела Меркел многу се пишуваше во октомври минатата година кога беше обелоденето дека американската национална безбедносна агенција го прислушувала тој уред. Меркел има најмалку два телефона кои редовно ги користи: едниот е „нокиа 6260 слајд“, кој наводно го прислушкувала НСА и кој се користи само за пратиски разговори, додека за државничките обврски канцеларката користи „блекбери З10“, опремен со чип за шифрирање на податоците.
Германската компанија што го произведува чипот „Sekjusmart“ истакнува дека тој е безбеден од хакирање и го рекламира како телефонот на канцеларката.

Една од првите работи на кои инсистираше Обама кога во 2009 година дојде во Белата куќа беше да го задржи својот омилен „блекбери“ и покрај противењето на адвокатите на американската администрација и раководителот на тајната служба.
-Ќе го задржам својот „блекбери“. Ако сакаат да се откажам од него, ќе мора да ми го извлечат насила од рака – рече тогаш Обама.
Нему тогаш му беше дозволено да користи унапредена верзија на „блекбери“, опремена, исто така, со чип за шифрирање на податоците. Само мал дел од административците на Белата куќа и членовите на неговтото семејство ја знаат е-поштата на Обама, а претседателот на САД пред три месеци во разговор со група млади рече дека од безбедносни причини не му е дозволено да имам „ајфон“.
Рускиот претседател Владимир Путин, меѓу останатото, е познат по тоа што тврди дека нема мобилен телефон, за разлика од премиерот Дмитри Медведев, кој е познат по наклонетоста на производството на компанијата „Епл“, па стана и еден од првите сопственици на „ајфон 4“ бидејќи и пред да биде пуштен во продажба, му го подарил сопственикот на „Епл“, Стив Џобс.
Путин во 2006 изјави дека поседува многу мобилни телефони, но не користи ниту еден бидејќи нема време и повеќе сака други методи на комуникација. Четири години подоцна, тој рече дека нема ниту еден телефон.
-Да имам мобилен телефон, тој би ѕвонел нонстоп – рекол рускиот претседател. Неговата аверзија кон мобилните телефони би можела да потекнува од времето кога работел за КГБ, наведува британскиот весник, потсетувајќи дека рускиот лидер е познат по тоа што избегнува користење интернет, а информациите ги одбива од своите безбедносни агенции.
Францускиот претседател Франсоа Оланд не се одвојува од својот „ајфон 5“ и локалните медиуми известуваат дека тој е во постојан контакт со својата девојка Жили Геје.
Ким Јонг Ум користи мобилен телефон од компанијата ХТЦ, но најчесто го користи за да се чуе со членовите на семејството или соработниците од партијата бидејќи комуницирањето не им е дозволено преку интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


