Четвртото извлекување за наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ ќе се реализира во живо утре, во 20 часот, на Македонската радио-телевизија.
Во четвртото коло на наградната игра „Фискална во рака – наградата без мака“ се извлекува еден автомобил „пежо 208“, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.
Во извлекувањето ќе учествуваат сите коверти испратени за четвртото коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013 година. Неизвлечените коверти од ова коло, како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и од шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија, како организатор на наградната игра, и ќе учествуваат во седмото коло за извлекување на стан и деловен простор.
Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, ги известува заинтересираните учесници дека во пресрет на утрешното извлекување, покрај испраќањето по Пошта со наменската поштенска марка по цена од 8 денари која може да ја добијат во сите експозитури низ РМ, учесниците во наградната игра може да ги оставаат своите адресирани коверти со фискални сметки и лични податоци на специјално одредените пунктови од кои еден е во зградата на МРТ, при седиштето на Државна лотарија на Македонија, а другите се на различни локации пред уплатно-исплатни места за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, обележани со знакот – Среќно место. Ковертите за ова извлекување може да ги испратат најдоцна до полноќ на 30 март 2014.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.