На 29 септември, со директен пренос на МТВ1, се одржа десеттото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Фискална по фискална, и во ова коло предизвик за радост и добивки.
Во ова коло на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА се извлекоа добитниците на автомобилот Поло, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.Момчило Кметовкси од Скопје го предводи списокот на добитници во ова коло. Неговиот коверт беше извлечен за автомобилот Поло.
Досега од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија два стана и тоа на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово и добитничката Весна Угриновска од Велес, два деловни простора како и 10 автомобили. Покрај главните награди за претходните 10 извлекувања доделени се и 1500 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија.
Добитниците на вредносните ваучери по различни категории, своите награди – вредносни ваучери ќе ги подигнат од благајната на приредувачот. Ваучерите во вредност од 1.000 до 5.000 денари за добитниците од другите градови освен Скопје, ќе бидат доставени на адреса на добитникот со препорачана пошта, додека за подигање на ваучерите во вредност од над 5.000 денари добитниците треба да дојдат во благајната на Државна лотарија на Македонија, во рок не подолг од 60 дена од објавата на извештајот со добитници од наградната игра.
Имињата на добитниците, во рок од три дена по секое извлекување, ќе бидат објавувани во дневниот печат и на веб страната на Државна лотарија на Македонија.
По добивање на вредносните ваучери добитниците имаат можност согласно категоријата на производи, да се обратат на било кое продажно место на соработниците, наведени на самиот ваучер, каде во соодветната категорија на производи може да изберат еден или повеќе производи до соодветната вредност, со дополнително намалена вредност од малопродажната (наведен процент на попуст на ваучерот), со што се остава слобода на изборот согласно потребата на добитникот.
Следното 11 коло од оваа наградна игра ќе се реализира на 27 октомври 2014. Во него, стандардно учествуваат сите ковертииспратени со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013та година, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра:
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
БУЛ. “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” БР. 8, 1000 СКОПЈЕ
ЗА НАГРАДНА ИГРА ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА
Во ова коло на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА ќе се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.