| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил удрил во продавница на скопскиот булевар „Мајка Тереза“

pezo u prodavnica

Спроти влезот на Клиничкиот центар во Скопје се случила сообраќајкна несреќа во која еден автомобил, марка „пежо“ влетал во продавница на булеварот „Мајка Тереза“, објави „Курир“.

Според очевидци, два автомобили се движеле со малку поголема брзина, по што едниот наеднаш свртел кон влезот на Клинички, при што дошло до мал судир меѓу автомобилите.

Од ударот и најверојатно од обидот да избегне поголем судир, возачот на „пежото“ влетал во една од продавниците која се наоѓа во зградата спроти Клиничкиот Центар. Вториот автомобил кој учествувал во несреќа, избегал од лице место. Нема информации за евентуални повредени лица.

Од полицијата информираат дека сообраќајната несреќа е пријавена, по што нивни екипи се упатени на терен за извршување на увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top