Благоја Чоревски, македонскиот актер, кој го поддржува актуелниот претседател и кандидат на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов за истата функција пред граѓаните во Пробиштип тој реши да говори за Иванов како хуманост.
Пред граѓаните на Пробиштип тој ги сподели сеќавањата од неговата средба со претседателот Иванов, кога пред неколку месеци присуствувал на неговата претсава „Кавкаски круг со креда“ од Бертолд Брехт, нагласувајќи дека истата била од хуманитарен карактер за децата сираци од домот „11 Октомври“ од Скопје.
-Тогаш го почувствував нашиот претседател Иванов и од другата страна, тогаш сфатив колку тој ја познава драматургијата и колку го познава Бертолд Брехт а тоа значи дека имаме и ќе имаме претседател којшто е сестран кој што дава се од себе не само за Македонија и за граѓаните на Македонија туки и за самата држава, затоа и баш овде стои „Дражавата пред се“ – рече Чоревски.
Со уште еден мандат на Иванов, како што нагласи актерот Чоревски, само ќе ја продолжиме досегашната традиција, односно тоа што претставува Ѓорге Иванов во Македонија, во Европа и во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.