| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на заболени од морбили се искачи на 38

мали сипаници

За еден ден се пријавени три нови случаи на заболени од морбили, односно мали сипаници. Сите сомнителни случаи се на возраст над 30 години. Само еден од нив е задржан на лекување на Инфективната клиника. За овие пациенти нема податок дали се вакцинирани или не, но од вкупниот број на болни, како што велат епидемиолозите, вакцинирани се само неколкумина, јави Алфа.

– Ако продолжи антивакциналното движење, ќе се соочиме со голем проблем во државата. Она што можеме да го спречиме, да не го лечиме. Она со што сега се соочуваме, со лекување на овие болести, а верувајте ми дека кост бенефитите од лекувањето на една болест чини колку вакцинирање на целата нација за една година – рече меѓу другото директорката на детска клиника, д-р Аспазија Софијанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top