Денеска почина Борислав Петар Градишки на 98-годишна возраст, еден од најголемите борци за македонската национална самостојност. Неговата политичка борба подеднакво јасно и недвосмислено се формулирала во времето кога тој бил идеолог на илегалното македонско национално движење “БУНТ“ како и во долгите 12 години робија кои ги отслужува во затворот Индризово,
од 1945 до 1957 година. Голите факти за животот и за позициите на Градишки кажуваат дека тој е еден од најтешките политички затвореници во Македонија, со доделена затворска казна од дваесет години затвор и одлежани дванаесет, од кои барем половината во изолација, поединечна и групна. Голите факти укажуваат и на тоа дека е вистинско чудо што воопшто преживеал човекот кој во затворот е избран за претседател на илегалната влада формирана од младите ВМРО-вци во затворот Идризово, земајќи ја во предвид тогашната политичка констелација која ги проскрибира и жигосува приврзаниците на идејата за македонската национална самостојност.
Познат е на македонската јавност како поет и сликар. Автор е на две збирки песни: “Исповед на еден проколнат поет“ (сонетен венец) и “Мртовечки сон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.