Новиот шампион во Бундес лигата Баерн Минхен кој минатата седмица успеа да ја освои тутилата по серија од 19 победи денеска на својот стадион не успеа да победи во натпреварот со Хофенхајм иако постигнаа три гола. Натпреварот заврши 3-3 и со тоа ова е прв нерешен резултат за баварците на домашен терен. Изненадувањето го најави Модесте во 23 минута. Сепак силата бавараците ја покажаа уште во првиот дел кога целосно направија пресврт со двата гола на Пизаро и Шакири. Во вториот дел Салиховиќ намали на 3-2, а во продолжението Фирмино го постави конечниот резултат во 75 минута.
Борусија Дортмунд успеа да победи на гостувањето во Штутгарт со 3-2 и со тоа да се врати на второто место на табелата. Тимот на Јирген Клоп се мачеше се до 82 минута кога Марко Ројс со својот трет гол успеа да и донесе три бода на својата екипа.
Стрелци за домаќините беа Гентнер и Харник во деветтата и 19 минута. Ројс останите два гола ги постигна во 30 и 68 минута од пенал.
Мајнц убедливо го победи Аугсбург со 3-0. Николче Новески на овој натпревар не влезе во игра. Со оваа победа Мајнц се искачи на шестото место на табелата кое води во Лига Европа.
Резултати: Баер Леверкузен – Брауншвајг 1-1, Штутгарт – Борусија Дормунд 2-3, Баерн Минхен – Хофенхајм 3-3, Мајнц – Аугсбург 3-0, Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт 2-1, Шалке – Херта 4-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.