| четврток, 6 декември 2018 |

Почина професор д-р Ружа Пановска од Филолошкиот факултет

PANOVSKA_INMEMORIAM

Професорката Ружа Пановска, редовен професор во пензија на Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје почина на 87 години.

Д-р Пановска, како професор и основоположник на методиката на наставата по македонски јазик и како научен истражувач на современиот македонски јазик и на јазикот во народното творештво и уметничката литература, со својата педагошка дејност и со своите научни трудови има дадено значителен придонес во создавањето на научни кадри од областа на македонистиката и во развојот и афирмацијата на македонскиот јазик и култура во нашата и во странската научна средина.

Погребот на проф. д-р Ружа Пановска ќе се одржи утре во 14 часот на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top