Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска во Лос Анџелес и причини мала штета, соопшти денес американскиот геолошки завод. После првиот земјотрес, следеа 20-ина помали потреси.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 21.09 по локално време, беше 45 милји југоисточно од Лос Анџелес, на длабочина од 32 километри и беше почувствуван на југ до Сан Диего, и на север до Вентура Каунти, објавија новинските агенции.
Службите за итни случаи пријавиле дека добиле повик за истекување гас и протекување водоводни цевки, но досега нема извештаи за повредени, јавува АП.
Забавниот парк „Дизниленд“ како знак на внимателност ги исклучи сите апарати и ги затвори вратите за посетителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.