Место последниот викенд од мај, како што беше најавено, фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ повторно добива нов термин поради совпаѓањето со „Мајските оперски вечери“, така што трите фестивалски вечери ќе се одржат на 6, 7 и на 8 јуни.
Со оглед на тоа што изведувачите на овогодишното издание на фестивалот ќе бидат придружувани од оркестар во живо, голем дел од музичарите се зафатени со споменатата манифестација.
Покрај новиот термин и новите директори, Дарко Мијалковски и Оливер Арсовски, овој „Макфест“ повторно ја враќа старата фестивалска шема со две полуфинални и една финална вечер, а победничките песни ќе бидат богато наградени: 20 000 евра за првото место, 15 илјади за второто и 10 илјади за третото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.