Во периодот од 23 до 28 март на селските гробишта во с.Симница – Гостивар, непознато лице ископувало гроб, кој, според локалните жители, е постар од 200 години. На гробниот камен немало податоци за починатото лице, односно имало само знаци од арапско писмо.
По извршеното ископување, земјата била вратена над гробот и не се знае дали нешто е одземено.
Увид извршила екипа од ПС „Гостивар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.