Вчера наутро, околу 11.00 часот, во СВР-Куманово, Ч.Ц.(55) вработен како чувар во спорски аеродром „Аџитепе“, пријавил дека во близина на аеродромот, 4-5 непознати лица, извршиле разбојништво над три лица од Авганистан на возраст од 17 до 20 години.
Разбојниците, кои најверојатно биле од ромска националност, физички ги нападнале тројцата Авганистанци и им одзеле 130 евра.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.