| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиските принцезите се јавија со видеопорака: Кралот нè држи заробени, Обама спаси нè!

saudiski princezi

Две од четирите ќерки на саудискиот крал преку видеопорака побараа помош од американскиот претседател Барак Обама повикувајќи го да ги спаси од домашен притвор.

Принцезите Сахар (42) и Џавахер (38) тврдат дека нивниот татко ги држи затворени во сомашен притвор во кралскиот комплекс во Џеда веќе 13 години и велат дека се отсечени, изолирани и осамени.

Тие тврдат и дека не им е дозволено да го напуштаат домот и дека интернетот е нивниот единствено прозорец кон светот. Принцезите за телевизијата „Канал 4“ рекле дека е засилено и обезбедувањето откако нивната приказна пред неколку недели ја слушна целиот свет. Поради тоа им било дури забрането да излегуваат и со вооружена придружба.

Ќерките на кралот велат дека и нивните две сестри Маха и Хала, исто така, се затворени во кралскиот комплекс, но во друг објект.

Мајка им се омажила на 15 години за кралот Абдула, кога тој имал 40 години. Десет години подоцна се развеле, а таа сега  живее во Лондон. Тој застана на чело на Саудиска Арабија во 2005 година. Абдула има 38 деца од многу жени. Според законите на Саудиска Арабија, на девојките и на жените им е забрането патување, работење или изложување на медицински зафати без дозвола од нивниот сопруг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top