| четврток, 6 декември 2018 |

По дождот доаѓа сонце

prolet-5

По дождливата и нестабилна работна недела, овој викенд почнува со претежно сончево време. Претпладнето локално ќе има умерена облачност, а поголем тренд на намалување на облачноста ќе има попладне. Ветерот ќе биде слаб, претежно од северен правец.

Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе биде во дијапазонот меѓу 15 Целзиусови степени и 17 Целзиусови степени во поголем дел од населените места, а на југоисток околу 20 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе има вредност околу 1 Целзиусов степен, а максималната околу 17 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top