| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон ќе стартува прв во Малезија

Пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Малезија ја освои возачот на Мерцедес Луис Хамилтон, кој на денешните квалификации го извозе најбрзиот круг со време од 1:59,431. Британецот и во Австралија беше најбрз во квалификациите, но не успеа да ја заврши трката.

Квалификациите во Малезија се возеа по исклучително тешки временски услови, во текот на квалификациите паѓаше дожд, кој за еден час го одложи стартот.

На влажната патека најдобро се снајде Хамилтон со својот „мерцедес“, а одлични квалификации имаше и актуелниот светски првак Себастијан Фетел, кој зад Британецот задоцни за 0,055 десетинки. Фетел ќе стартува од втората позиција веднаш до Хамилтон.

Нико Розберг се избори за третата позиција, а до него ќе биде Фернандо Алонсо на Ферари.

Зад најдобрите четворица на стартот ќе бидат Рикардо (Ред Бул), Раиконен (Ферари),  Хилкенберг (Форс Индија),  Магнусен (Мекларен),  Верње (Торо Росо), Батон (Мекларен).

Трката за Големата награда на Малезија ќе се вози в недела, со почеток во 10 часот по македонско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top