
Ноќ за љубов, за уживање и милување. Влатко Стефановски, македонскиот гитарист одбележува значаен јубилеј – 40 години на музичката сцена. И три часа концерт во скопската „Универзална сала“ се премалку за да се отсвири и отпее сѐ она што овој виртуоз на гитарата го создал во изминатите четири децении.

Вечерва тој на публиката ѝ поради посебен, полу-приватен концерт, предавајќи ѝ се комплетно и покажа дека е вистински гитарски цар! Во душата уште му гори кандилце, кое го чува со две раце и не дава да се изгаси, на среќа на сите нас.
Тој вечерва го промовираше најновиот, 32. албум „Сеир“, а концертот го збогатија неговите пријатели со кои создавал и работел низ годините. За него специјално допатуваа Раде Шербеџија, Момчило Бајагиќ-Бајага и Џибони, а нашата Каролина беше едниствената дама на сцената, која како гостигна испеа една песна која ја пеат со Влатко на последниот албум и уште една од Боб Дилан.

Музиката од култниот филм „Шмекер“ потоа од „Џипски Меџик“, евергрините „Мамурни људи“, „Чувам ноч од будних“, потоа песните од неговиот соло-албум „Каубојци и индијанци“, неизбежната „Јовано, Јованке“ беа испеани на сцената на „Универзална“. Во одличното сценарио на концертот „влета“ Џибони кој со Влатко ја отпеа маестрално „Као какао“, а потоа заедно ги отсвирија и отпеаја „Чиним праву ствар“ – првата заедничка песна откаде тргна нивната заедничка соработка, а потоа следеше неизбежната „Либар“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


