Рускиот претседател Владимир Путин му телефонираше на американскиот претседател Барак Обама за да разговараат за предлогот на САД за дипломатско решение на кризата во Украина, објави Белата куќа. Обама настојува Русија да стави конкретен одговор во писмена форма, изјави неговиот портпарол во соопштението.
Белата куќа соопшти дека министрите за надворешни работи на двете земји ќе се состанат наскоро да разговараат за следните чекори.
Предлогот на САД доаѓа по консултациите со Украина и со другите европски земји. Обама го доби повикот од Путин додека се наоѓа во Саудиска Арабија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


