| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Се понудивме на политичката сцена со нови идеи

Кандидатот за претседател од ГРОМ, Зоран Поповски вечерва на митинг во Пробиштип, истакна дека како партија покажале дека сакаат да внесат позитивни промени.

– Граѓаните сакаат просперитетна држава во која што младите ќе имаат иднина. Сега треба да се свртиме кон младите кои не смеат повеќе да ја напуштаат земјата, затоа што ќе останеме без корени и ќе станеме земја која ќе нема иднина. Затоа се понудивме на политичката сцена со нови и свежи идеи сакајќи да ги помириме граѓаните на Македонија. Од овие активности кои ги почнавме пред неколку дена денеска дојдовме во Пробиштип, рече Поповски.

Тој посочи дека на Македонија и е потребна сила што ќе ги покрене работите кон подобро во сферата на економијата.

– Во Пробиштип и во околните места има поважни работи во коишто треба да се вложува отколку во споменици и некакво прообликување на историјата. Треба да им дадеме шанса и на луѓето надвор од Скопје да почнат да живеат нормално. Мислам дека во Кундино се уште нема канализација, во Пишица браната попуштила, а луѓето се плашат да не останат без куќи. Во Злетово занаетчиството пропаѓа. Лесново е исто така село кое полека почнува да исчезнува, бидејќи нема жители, истакна Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top