Дваесет и две годишната студентката, Флорие Пеци, која во коматозна состојба од клиниката во Тирана била транспортирана на понатамошно лекување во Австрија, е бремена. Според обвинувањата на нејзиниот брат, таа била сексуално злоставувана додека била во кома.
Албанското обвинителство, како што пренесува порталот Албеу, се очекува да почне истрага околу ова обвинување.
Студентката настрада во автобуската несреќа на 21 мај лани, кога заедно со педесетина студентки од Филолошкиот факултет од албанскиот град Елбасан, патуваа на тридневна екскурзија во Саранда. Несреќата, се случи кај гратчето Химара. Автобусот излета од патот и падна во длабока провалија. Во несреќата животот го загубија 12 студентки, неколку беа во кома, додека други 22 беа полесно повредени.
Кривична пријава до Обвинителството поднесол нејзиниот брат Газменд Пеци, кој наведува дека неговата сестра повеќе од 55 дена била на лекување во Австрија, оти на 11 октомври се вратила во Албанија каде лекарите при контола утврдиле дека таа е бремена. Бременоста настапила во периодот од 20 до 25 септември 2012 година, период кога Флорие била хопситализирана во Гмундербергут Алмунстер во Австрија.
Од обвинтелството се бара да се открие кој во тој период ја злоставувал студентката.
Таа сега е сместена во гиниколошка клиника каде директорот Халим Косова, потврдува дека бременоста настапила кон крајот на септември. Во врска со тој скандал кој ја разбранува албанската јавност реагираше и министерот за здравство Вангел Таво, кој побара под итно правосудните органи да дадат одговорт на овие обивнувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.