Водечки принцип на мојата надворешна политика е отвореност кон сите. Се отвораме кон светот. Светот почнува на прв граничен премин. Ова го истакна актуелниот и кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорче Иванов на вечерашниот централен митинг одржан во Кавадарци.
-Соседите ни се најважни затоа што ни се најблиску. Отвореноста важи, пред сè, за нив. Може да се појавуваат разлики за одредени прашања, но тие се надминуваат единствено преку дијалог. Со меѓусебното разбирање побрзо ќе ги надминуваме предизвиците. Имаме илјадници причини да соработуваме. Ниедна држава во регионот не може да се развива и да расте ако не соработуваме меѓу себе. Како што ни е важен соседот во нашата македонска традиција, така ни се важни и соседите во политиката и во економијата, истакна Иванов.
Тој посочи дека во изминатите пет години посветено работел за интересите на Македонија и за нејзина афирмација во светот.
– Остварив преку 450 средби со претседатели, премиери, министри, државници. Остварив повеќе од 100 официјални, работни и неформални посети и учества на меѓународни настани. Бев домаќин на над 40 официјални и работни посети на шефови на држави на Република Македонија, нагласи Иванов.
Претходно тој одржа митинзи во Велес и Неготино, а оствари средби и со жителите на Градско и Росоман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ


