НАТО соопшти денеска дека поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг е новиот генерален секретар на Алијансата. Одлуката ја донесоа амбасадорите на државите-членки на Алијансата на денешното заседание.
Тој ќе ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО од 1 октомври. Досегашниот Генерален секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен се повлекува од функцијата по самитот на 4-5 септември во Велс.
Столтенберг (55) беше премиер на норвешката влада на почетокот на 2000 година, а потоа и од октомври 2005 до октомври 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



