
Вечерва, во „Универзална сала“ во Скопје (20 часот) Влатко Стефановски, еден од најголемите македонски музичари на сите времиња, ќе одржи концерт на кој ќе го промовира новиот албум „Сеир“. Оваа, 2014 година тој одбележува 40 години од почетокот на неговата музичка кариера.
Покрај Влатко Стефановски, на концертот ќе настапат и неколку негови долгогодишни музички соработници и пријатели – Џибони, Раде Шербеџија, Бајага и Каролина.
Соработката на Влатко и најавените гости е добро позната на јавноста а нивното заедничко појавување на сцената секогаш било дочекано со овации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


