
За еден ден во Скопје има десет новозаболени од мали сипаници, морбили, информираат од Инфективната клиника во Скопје. За неполни три месеци се регистрирани 35 заболени од морбили. Во моментот на Инфективната клиника се хоспитализирани 12 пациенти меѓу нив има и 2,5 месечно бебе.
-Најчеста компликација кај пациентите со морбили кои се на Инфективната клиника е бронхопневмонија, но сите пациенти кои се на клиниката се стабилни – вели д-р Сања Маринковиќ Петрушевска од Инфективната Клиника.
Вчера Центар за jавно здравје прогласи епидемија на морбили во Скопје. Ќе бидат вакцинирани членовите на семејствата каде има заболен без разлика на возраста.
-Само двајца пациенти имаат примено по една доза од вакцината додаде д-р Маринковиќ Петрушевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


