| четврток, 6 декември 2018 |

Орав ги критикува македонските затвори

Забелешки за македонскиот затворски систем, но и надеж дека сите реформски зафати со поддршка од ЕУ ќе донесат резултат упати Аиво Орав, амбасадор на ЕУ во Македонија, при презентација на проектот „Социјална инклузија на лицата што издржале затворска казна“ – пишува Утрински Весник.

Евроамбасадорот посочил на поголем број проблеми.
– Лошото менаџирање, лошите материјални услови, ограничената здравствена заштита, недостигот од образовни и рехабилитациски активности, посебно на малолетниците, независен механизам за инспекција се со цел да се третираат тие прекршоци и да се казнат виновниците, остануваат прашања кои треба да се адресираат. Исто така, пренаселеноста во затворите останува во просек до 25 отсто –  оценува амбасадорот Орав.

Од Управата за извршување санкции пак велат дека се инвестирани  повеќе од 50 милиони евра во реконструкција на четири затвори, каде што се изградени 63.000 м2 простор, а до крајот на април се очекува да биде ставен во функција и затворот во Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top