
Ренато Вугринец ќе се приклучи на македонските репрезентативци на подготовките во Охрид. Селекторот Ивица Обрван го повика Вугринец на подготовките во рамките на ЕХФ неделата, од 31 март до 6 април. Словенецот со македонски пасош викендов ќе игра за Металург на осминафиналниот меч против Колдинг, по што заедно со уште единаесет играчи на Металург заминува за Охрид.
Вугринец вчера доби дозвола од ИХФ да настапува за нашата репрезентација, а својот прв настап во црвено-жолтиот дрес ќе го има на бараж-дуелот со Грција.
Еве ја листата на репрезентативци од тимот на Металург:
| 01. | Никола Митревски | 07. | Никола Маркоски |
| 02. | Дејан Манасков | 08. | Дејан Пецаковски |
| 03. | Гоце Ојлески | 09. | Аце Јоновски |
| 04. | Гоце Георгиевски | 10. | Велко Маркоски |
| 05. | Златко Мојсоски | 11. | Филип Миркуловски |
| 06. | Ванчо Димовски | 12. | Ренато Вугринец |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


