
Либералната партија предводена од Ивон Величковски се приклучи на коалицијата на ГРОМ на Стевчо Јакимовски.
„Покрај Сојузот на Титови леви сили, Српската напредна странка во Македонија и Сојузот на слободни демократи, денеска на коалицијата ГРОМ ѝ се приклучува и ЛП. Со оглед на нашата претходна соработка, а и на фактот што моите корени се од Либералната партија, констатирам дека сите со задоволство ја прифатија оваа коалиција“, рече Јакимовски.

Според Величковски, совпаѓањата на партиските програми и идеологија овозможува ЛП да стане дел од оваа коалиција.
„Имајќи го предвид изборниот модел, како и тоа што нашите програмски заложби се ориентирани кон центарот, сметаме дека на овој начин најдобро ќе придонесеме за соодветна изборна атмосфера и за поширока понуда за граѓаните, особено ако се има предвид дека токму граѓанска опција ѝ е најпотребна на Македонија во моментов“, рече Величковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


