| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Епидемијата на морбили аргумент повеќе за задолжителна вакцинација

тодоров

Епидемијата на морбили е само уште еден аргумент повеќе дека не смее да се размислува и да се преземаат чекори за намалување на вакцинацијата или за воведување незадолжително вакцинирање, изјави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.

– Ниту еден родител нема право на погрешен избор за здравјето на неговото дете. Напротив, има обврска да се грижи за здравјето на детето. Имаме епидемија на морбили. Дваесет и пет случаи се клинички потврдени, а денеска имаме уште осум нови случаи, кои сѐ уште не се потврдени. Тоа покажува дека многу малку треба за да се појави епидемија – истакна Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање пред трибината за сурогат-мајчинство.

Апелираше оние што не се вакцинирани, да го сторат тоа затоа што можно е да се јават компликации, особено кај повозрасните пациенти.

– Сега не треба да се мисли дали да се пуштаат децата во градинки, училиште или на масовни собири, туку треба да се мисли да се вакцинираат. Тоа е основната препорака која е дадена од Комисијата – да се погледнат сите картони за вакцинација и оние што не се вакцинирани да го сторат тоа, особено тие кои во семејството имаат некој заразен – подвлече Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top