| четврток, 6 декември 2018 |

14 килограми Марихуана запленети на Табановце

14 килограми марихуана се запленети на граничниот премин Табановце. Се работи за Џ.А. од Албанија кај кој вчера била пронајдена марихуана во автомобилот. Тој во својот автомобил марка Фиат пунто, носел две плински боци во кои наместо плин, имало сокриено марихуана. Пронајдени се 14,5 килограми марихуана, која на “нарко пазарот“ вреди околу 100 илјади евра.

Тој на цариниците им раскажал дека дрогата ја земал од свој сограѓанин Б.Д. Марихуаната требало да стигне во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top