| четврток, 6 декември 2018 |

Вработен во „Т-мобиле“ си купил телефон на сметка на потрошувач

СВР Тетово поднесе кривична пријава за А.И.(27) од Тетово, референт во „Т-мобиле“-Тетово, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Во 2011 година пријавениот злоупотребувајќи ја својата службена положба изготвил анекс-договор за нов претплатнички број на име на лице без негова согласност, а потоа зел за себе мобилен телефон „самсунг“ во вредност од 24.000 денари на штета на лицето чиишто податоци ги искористил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top