| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Литванија ја продолжуваат културната соработка

бети канческа

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, се сретна со заменик-министерот за култура на Република Литванија, Дариус Мажинтас, на која се разговараше за односите меѓу двете земји кои се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување.

На средбата стана збор за досегашната соработка меѓу двете министерства што е потврдена и со потпишувањето на Договорот за
соработка во областа на културата. Воедно беше разгледана и можноста за нејзино унапредување преку размена на уметници, музички ансамбли, како и меѓуинституционална соработка меѓу музеите за современа уметност и националните галерии, што би резултирало со организирање изложби и ликовни колонии, информираат од Министерството.

Министерката за култура упатила отворена покана до заменик-министерот на Литванија за повторна посета на Република Македонија во рамките на наредните изданија на реномираниот фестивал „Охридско лето“ и на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top