| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Камчева за Модната недела подготви колекција инспирирана од филмот „Гравитација“

Ви­ктор Цве­та­нов­ски, Ана Кам­че­ва и Ал­мир Ми­ли се по­бед­ни­ци на ми­на­то­го­диш­ни­от про­ект на Мод­на­та не­де­ла во Скоп­је „Поп! Мо­да“. Про­е­ктот се одр­жа ла­ни, на април­ско­то из­да­ние на Мод­на­та не­де­ла, во со­ра­бо­тка со аме­ри­кан­ска­та ама­ба­са­да и тек­стил­ни­от кла­стер на Ма­ке­до­ни­ја. Трој­ца­та ди­зај­не­ри на де­вет­то­то из­да­ние, кое ќе се одр­жи од пр­ви до ше­сти април, прв­пат ќе се прет­ста­ват со свои ко­лек­ции и со мо­ден пер­фор­манс

ana kamceva1

Ана Кам­че­ва не­стрп­ли­во го че­ка 4 април, за ко­га е за­ка­жан неј­зи­ни­от мо­ден пер­фор­манс на Мод­на­та не­де­ла во Скоп­је. Освен неј­зи­на­та пр­ва ре­ви­ја, таа ќе учес­тву­ва и на ре­ви­ја­та на Европ­ски­от уни­вер­зи­тет, ка­де што ќе се прет­ста­ви со дел од сво­ја­та ко­лек­ци­ја со ко­ја ќе дип­ло­ми­ра.

– Ова е пр­ва на­гра­да што ја имам до­би­е­но и, се­ка­ко, ми е мно­гу дра­га. Овој про­ект бе­ше не­што но­во за ме­не и пре­крас­но искус­тво, па се­ка­ко де­ка воз­бу­да­та е пре­го­ле­ма – ве­ли Кам­че­ва.

ana kamceva3

Таа прв­пат ќе на­пра­ви мо­ден пер­фор­манс, а прет­ход­но учес­тву­ва­ла на груп­ни ре­вии ка­ко сту­ден­тка на Европ­ски­от уни­вер­зи­тет.

– Отсе­ко­гаш имав жел­ба да на­пра­вам мо­ден пер­фор­манс би­деј­ќи сме­там де­ка е пре­кра­сен на­чин да се прет­ста­ви иде­ја­та на ед­на ко­лек­ци­ја. Под­го­тву­вам ко­лек­ци­ја што е на­ре­че­на „Гра­ви­та­ци­ја“ (Gravity). Инс­пи­ра­ци­ја­та поч­на од фил­мот „Гра­ви­та­ци­ја“ со што по­на­та­му истра­жу­вав оп­што за гра­ви­та­ци­ја­та и за все­ле­на­та, па се оби­ду­вам да ја до­не­сам ко­лек­ци­ја­та на мој на­чин, со ко­ри­сте­ње ге­о­ме­три­ја и аси­ме­три­ја, кои че­сто се сре­ќа­ва­ат во мо­и­те ди­зај­ни – об­јас­ну­ва Кам­че­ва.

Мод­на­та ди­зај­нер­ка за оваа ко­лек­ци­ја ко­ри­сте­ла ши­рок спе­ктар ма­те­ри­ја­ли. – Не се огра­ни­чу­вав би­деј­ќи обо­жа­вам да екс­пе­ри­мен­ти­рам со ма­те­ри­ја­лот и да ко­ри­стам тех­ни­ка на „пач­ворк“. Ма­те­ри­ја­лот што е за­ста­пен во си­те пар­чи­ња е ска­јот, кој го тре­ти­рав рач­но и пра­вев раз­ни фор­ми со не­го – ве­ли Кам­че­ва.

ana kamceva2

Мод­ни­от април ќе би­де обо­ен во цр­ве­на и во си­на бо­ја, пре­то­че­ни во ма­ген­та, пре­ле­а­ни со рас­кош­ни три­ди­мен­зи­о­нал­ни цве­то­ви. Кам­че­ва не­ма да по­ну­ди цве­тен ди­зајн во сво­ја­та ко­лек­ци­ја, но за­тоа ја има ви­о­ле­то­ва­та бо­ја.

– Ги сле­дев тен­ден­ци­и­те за оваа, ка­ко и за на­ред­на­та го­ди­на, па мно­гу од нив ќе се нај­дат и во мо­и­те ди­зај­ни. Ди­зај­нот што го пра­вам е мно­гу де­ли­ка­тен, со фо­кус на де­та­ли, а за­ста­пен е и от­пе­ча­то­кот на не­кои де­ло­ви од об­ле­ка­та – ве­ли ди­зај­нер­ка­та. Неј­зи­ни­те мо­де­ли ќе би­дат до­стап­ни за про­даж­ба во Скоп­је во „Кон­цепт 37“, а по­доц­на ќе би­дат до­стап­но во бу­тик во Штип.

ana kamceva

Неј­зи­ни­те пла­но­ви за ид­ни­на­та се пост­дип­лом­ски сту­дии во странс­тво, а по за­вр­шу­ва­ње­то, са­ка да се вра­ти и да про­дол­жи да ди­зај­ни­ра во Ма­ке­до­ни­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top