Со одигрувањето на натпреварот на младите играчи од НБА лигата во првата вечер на сите ѕвезди во Хјустон, започна спектаклот наречен “All Star Weekend” во најдобрата кошаркарска лига во светот. Втора година по ред тимовите ги бираат едни од најголемите ѕвезди на оваа лига, секогаш спектакуларните Шекил О Нил и Чарлс Баркли.
Оваа година победи тимот на Баркли совладувајќи ја екипата на Шек со 163:135. Резултатот воопшто не беше во преден план но да напоменеме дека за најкорисен изграч беше избран играчот на Денвер Нагетс, крилниот центар Кенет Фарид, кој имаше учинок од 40 поени и 10 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


