| четврток, 6 декември 2018 |

„Карла“ – нов моден свет на дизајнерките Ивана Кнез и Бранка Данчевска

„Карла“ е новото модно студио на Ивана Кнез и Бранка Данчевска што ќе се отвори во центарот на Старата скопска чаршија, покрај Безистен, овој понеделник, 31 март.

nakit

 

Овој моден свет, во чиј фокус ќе се најде сета авангардност, уникатност и ексклузивност, е дело создадено од актуелните и докажани македонски дизајнерки.

Во објектот што вклучува изложбен салон и модно ателје, љубителите на високата мода и луксузниот стил ќе можат да го најдат своето совршено парче накит, рачно изработено или, пак, уникатно дизајнирана облека.

drama

 

Студиото „Карла“, само ја потврдува веќе успешната соработка меѓу двете млади и успешни дизајнерки кои за во иднина најавуваат голем број заеднички проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top