| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ пак на пауза, Атланта со петти пораз во низа

Перо Антиќ повторнио има проблеми со скочниот зглоб и не настапи за Атланта против Портланд, а Хоукс го нанижаа петтиот пораз. Портланд беше уверлив со триумф од 100-85 против домашниот тим, кој не можеше да смета ниту на најдобриот тројкаш Кајл Корвер.

Ова беше дуел на еден од најстардардните состави во НБА, Портланд, кој има четиримина стартери што ги одиграа сите мечеви сезонава, а петтиот им се врати ноќеска на паркетот и одигра одлично. Ламаркус Олдриџ имаше супер враќање со 25 поени и 16 скока, како најефикасен кошаркар на мечот. Демјен Лилард уфрли 21 поен кај победничкиот состав.

За Атланта, Џеф Тиг постигна најмногу поени, 22, откако претходната вечер против Минесота остана без ниту еден поен.

Во Хјустон блескаше Џејмс Харден со трипл-дабл за само три четвртини игра. Бекот на Рокитс постигна 26 поени и имаше по 10 скока и асистенции во убедливиот триумф против Филаделфија од 120-98. Поразениот тим урива негативни рекорди во НБА и го запиша 26. пораз во низа.

Резултати: Атланта – Портланд 85-100, Хјустон – Филаделфија 120-98, Милвоки – Л.А. лејкерс 108-105, Далас – Л.А. клиперс 103-109.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top