Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, смета дека ПСЖ ќе му биде тежок противник во Лигата на шампиони и додаде дека Златан Ибрахимовиќ е најголемата закана за неговиот тим.
Португалецот го тренираше Златан во сезоната 2008/09 кога со Интер ја освоија Серија А, меѓутоа на Ибрахимовиќ му недостига само трофејот од Лигата на шампиони.
– Работев со Тијаго Мота, Максвел и Ибрахимовиќ во Интер. Златан е специјален играч, кој во неговата кариера ги освоил сите можни шампионати и знам дека многу го сака и највредниот трофеј. Тоа е негов сон и е подготвен на сѐ за дојде до целта. Тоа го прави уште поопасен – изјави Мурињо.
– ПСЖ има одличен тим, тие веќе размислуваат за нас бидејќи практично веќе се шампиони, што не може да се каже и за нас. Нам в сабота нѐ очекува ново финале со Кристал Палас. Можеби имаат мала преднот, но немаат искуство во Лигата на шампиони, но се квалитетни. Историјата е на наша страна, шансите ни се 50-50 – додаде Мурињо.
Првиот натпревар ПСЖ-Челси е закажан за в среда, од 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.