Францускиот институт денеска со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар, организира финале на традиционалниот натпревар на француска шансона. Овој музички настан веќе години наназад се организира во рамките на прославата на Франкофонијата, а учество земаат најдобрите 14 средношколци-финалисти, кои беа избрани во рамките на претселекцијата, која се одржа минатата сабота, на 22 март. Победникот на овој натпревар добива патување во Франција.
На овој натпревар имаат земено учество – и освоено награди – голем број од денешните потврдени музички имиња на поп сцената, како Каролина Гочева, Кристина Арнаудова, Васил Зафирчев, Биба Додева, а минатогодишната победничка на шансоната, Александра Јанева, беше и победничката на последното издание на фестивалот Макфест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.