На Македонија и требаат нови лица во политиката кои ќе работат за доброто на сите граѓани во државата, без разлика на нивната партиска етничка или верска припадност. Ова е пораката која денеска ја упати претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендароски на жителите од општините Гостивар и Врапчиште, со кои вечерва оствари средба. Актуелната власт не` подели на подобни и неподобни. Субвенции па, и места во студенските домови, добиваат тие што имаа партиска книшка. Власта со криминалот не се справува секаде подеднакво – полициски акции има таму каде што ќе одредат само неколку лица од власта, рече Пендароски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.