Од Авто мото сојузот на Македонија јавуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по местимично влажни коловози. Снег паѓа на планинскиот превој Стража, Маврово и Крушево кој засега не претставува проблем во одвивањето на сообраќајот, додека на Плетвар и Пресека паѓа снег и дожд, информираат оттаму.
Возачиоте се предупредуваат дека во клисурите и усеците се можни помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


