Поради врнежи од снег од 20:15 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Маврови Анови – Дебар и обратно, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Поради врнежи од снег, од 20:35 часот, на планинскиот премин Стража воведена е забрана за тешки товарни возила.
Се уште во прекин поради поголем одрон е и патниот правец Скопје – Велес во близина на мостот кај манастирот Св. Јован Ветерски
Почна да се санира свлечиштето на патот кон Пробиштип, кај селото Неокази. Техничкиот директор на ЈП Македонија пат, Кире Коцев, вели дека од утринава екипите почнале да го сечат асфалтот во должина од 50 метри, со цел да се направи дренажа и да не пропаѓа патот.
Тој смета дека во наредните три дена овој пат ќе биде затворен за сообраќај, а жителите на Пробиштип и на останатите градови ќе го користат патот кој минува низ селото Ратавица.
И во Штип на неколку локации се појавија свлечишта, информира портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов. Свлечишта се појавија во неколку населби, меѓу кои во Ново Село, улицата „Цветан Димов“. Најризично е кај стадионот во населбата Суитлак, каде што свлечиштето е во непосредна близина на патот и стадионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст