НАСА ноќеска објави дека според прелиминарните податоци метеорот тежел од седум до 10 тони, со дијаметар од 15 до 17 метри, а кон земјата се движел со 18 километри во секунда. Според НАСА, такви нешто се случива еднаш во 100 години.
Според податоците на руските медиуми оштетени се 100 ооо живеалишта, а најновите податоци говорат за 1 159 повредени, од кои 50 се хоспитализирани. Останатите се третирани од површински рани, гребаници и опекотини. Повредите кај поголем број луѓе се настанати кога се приближиле до прозор да ја видат силната светлина, по што се случила експлозија и испукале стакла.
– Тим од 20.000 луѓе е испратен до планините Урал, како дел од операцијата спасување и расчистување по метеорскиот дожд вчера, соопшти Министерството за итни случаи на Русија, јави Би-Би-Си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


