Одлуката на повеќе странски компании во Русија да ја ограничат активноста на своите системи за плаќање ќе има контрапродуктивни ефекти, ќе доведе до губење на пазарот, кој за нив е профитабилен, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Тој наведе дека Русија ќе ги заштити своите интереси и со формирање сопствен систем на плаќање.
– Жално е што некои компании одлучија да воведат извесни ограничувања, мислам дека тоа ќе доведе до губење поединечни сегменти од пазарот што се профитабилен за нив – посочи Путин на состанокот со членови на Одборот на Советот на Федерацијата.
Тој наведе дека системите на плаќања на Јапонија и на Кина првично биле национални, затворени во своите пазари, а сега успешно функционираат и оти тоа може да се направи во Русија. Путин нагласи дека Централната банка на Русија, заедно со Владата, активно работи на тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



