Возрасна жена е пронајдена мртва попладнево, околу 13 часот, на улицата „Димитрија Чуповски“ во Скопје, дознава „Курир“.
Според информациите, станува збор за жена на возраст од околу 90 години, на која ѝ се слошило, паднала на тротоарот и починала.
Од полицијата ја потврдија информацијата додавајќи дека телото на починатата нема да биде предадено на обдукција, а сѐ уште се работи на утврдување на нејзиниот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


