| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ ја проширува листата на валути за кои ќе се објавува курсот на денарот

валути
Народна банка на Македонија го проширува опфатот на валути за кои ќе се објавува курсот на денарот со додавање нови валути чии курсеви се објавени на веб-страницата на Европската централна банка, беше истакнато на третата седница на Советот на НБРМ.

Одлуката е донесена поради стратегиската цел на нашата земја за приклучување кон Европската унија.

На денешната седница беше ревидирана и подзаконската регулатива во однос на поставеноста на пазарот на странски платежни средства, поточно во рамки на одлуката за начинот и условите за купување и продавање странски платежни средства се дефинираат основните карактеристики на купопродажбата на странски платежни средства и подетално се регулираат аспектите на меѓубанкарскиот девизен пазар и интервенциите на Народната банка на девизниот пазар. Воедно, за да се опфатат банките коишто го сочинуваат јадрото на девизниот пазар, поставени се условите за избор на банка-поддржувач. Исто така, за разлика од тековната регулатива која предвидуваше тргувањето на девизниот пазар да се врши само со десет валути, со новата одлука се овозможува склучување трансакции со странски платежни средства коишто гласат во валути од курсната листа на Народната банка, којашто е проширена со додавање на сите валути објавени од страна на Европската централна банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top