| четврток, 6 декември 2018 |

Универзалниот полнач за мобилни доаѓа за три години

Европскиот парламент го поддржа законскиот предлог според кој за три години во Европската унија ќе биде воведен задолжителен универзален полнач за мобилни телефони. Иако овој предлог има неофицијална поддршка од сите 28 членки на Унијата, сега е на ред Европската комисија, која треба да одлучи како универзалниот полнач треба да изгледа, како и условите за користење.

Доколку биде усвоен, овој закон ќе се однесува на сите радиопроизводи, односно на која било опрема што прима или емитува радиобранови за комуникација, вклучувајќи ги мобилните телефони, ГПС системи, таблети.

Според Комисијата, овој закон е директен одговор на загриженоста на корисниците.

– Сакаме да ги натераме производителите нивните телефони да ги приспособат на универзалниот полнач, што би го олеснило живото на граѓаните, но и би ги намалило трошоците за купување полначи и би го намалил електронскиот отпад – вели Марк Тарабела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top