| четврток, 6 декември 2018 |

Валдес се повреди сериозно (видео)

Синоќешната победа на Барселона против Селта од 3-0 остана во сенка бидејќи голманот на Каталонците, Виктор Валдес, заработи тешка повреда.

Искусниот голман во 24. минута мораше да го напушти теренот поради повреда на коленото, односно ги скинал предните вкрстени лигаменти. Ако се воспостави дека станува збор за таа повреда, Валдес го чека пауза од шест месеци, што значи пропуштање на крајот од сезоната како и на Светското првенство во Бразил.

Валдес во летниот преоден рок требаше да премине во редовите на Манчестер Сити бидејќи ова му беше последна сезона во Барселона, а сега е неизвесно дали трансферот ќе биде направен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top