| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичанки плаќале со фалсификувани евра

ПС Берово поднесе кривична пријава за М.Д. (27) и за А.А.(46), двете од Струмица, за сторено кривично дело фалсификување пари.

М.Д. на 30 декември минатата година во продавница во Берово, откако пазарела прехранбени производи, платила со фалсификувана банкнота од 100 евра.

Истиот ден во парфимеријата во Берово, А.А. го сторила истото откако пазарела козметички производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top