Маж на возраст од 48 години вчера се удавил во езерото Козјак. Од МВР потврдуваат дека дека кај нив случајот бил пријавен во 19.30 часот, по што нивни екипи веднаш излегле на терен. Неофицијално, се работи за К.Б. од Македонски Брод, кој работел како обезбедување на браната. Сакал да ги затегне чамците, по што се лизнал, паднал во езерото и се удавил.
Денес нуркачки тимови ќе ја продолжат потрагата по телото на удавениот маж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.