Министерството за животна средина и просторно планирање, здружението „Гоу грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија“, в недела, 22 април, по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја, ќе спроведат акција за чистење на езерото Козјак.
Сите заинтересирани љубители на чистата животна средина може да се приклучат во оваа еколошка акција. За успешно спроведување на акцијата ќе се формираат два централни пункта, во село Здуње и село Близанско, од каде што тимовите со чамци и потребна опрема ќе почнат со чистење на езерото, а членовите на граѓанските здруженија, граѓаните и посетителите ќе го чистат крајбрежјето.
За пристап до посочените локации постои посебен возен режим. Регуларниот возен режим е од 6.30 до 9 часот во правец кон локациите и од 16 до 18.30 часот кон Скопје.
извор: макфакс.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.