| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски во Кичево: Јас сум човек без предрасуди

grom stevce zoran pretsedatel (4) (Custom)

Сретнав луѓе од различни етникуми и станав горд човек бидејќи сите луѓе имаат верба во иднината и ние имаме надеж дека ќе излеземе од овој ќор-сокак, рече на митингот вечерва во Кичево претседателскиот кандидат на коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски.

– Јас сум човек без предрасуди, ќе бидам претседател за сите граѓани кои живеат во оваа република, без разлика на кој етникум припаѓаат, јас мислам на иднината, а не на историјата. Ако бидам избран, ќе се трудам да има политички диалог, нема да бидам ничија марионета, ќе бидам на страна на граѓаните, ќе се борам да се решат нивните проблеми – потенцира Поповски.

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимоски, во обраќањето пред присутните истакна дека не сака поделби, туку сплотеност меѓу сите луѓе и затоа, како што рече, ја направил оваа партија во која членуваат граѓани од сите етникуми на нашата држава.

Потпретседателката на ГРОМ, Фарије Мехмети, која зборуваше на албански јазик пред присутните, рече дека го скршиле мразот, формирале граѓанска и мултиетничка партија бидејќи сите луѓе се исти.

– Ние во ГРОМ за сите проблеми имаме решение затоа да бидеме сите храбри и во пристојните председателски избори да го избереме нашиот кандидат Попоски, кој навистина е вистински консензуален председател – рече, меѓу другото, Мехмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top